Hasan Esen
18 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Во рамките на преговорите за јакнење на соработката помеѓу Европската унија (ЕУ) и Турција, како и преговорите кои во Брисел се водат помеѓу ЕУ и Турција со цел изнаоѓање на решение за мигрантската криза, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, предложи отворање на поглавје во рамките на преговорите на Турција за членство во Унијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Туск по состанокот со премиерот на Турција, Ахмет Дваутоглу, подготви нов предлог кој треба да го потврдат челниците на 28 земји членки на ЕУ.
Како што соопшти неименуван функционер на ЕУ, ќе се отвори поглавјето 33 кое се однесува на финансиските и буџетските одредби, во текот на претседатвањето на Холандија, кое ќе заврши на 30-ти јуни.
Во предлогот е наведен и датумот кога Турција, со цел борба против нелегалната миграција, ќе започне со прифаќање на бегалците вратени од Грција.
Покрај тоа, предложено е забрзување на користењето на помошта од ЕУ во висина од 3 милијарди евра за згрижување на бегалците во Турција. Проектите за користење на тие средства ќе бидат утврдени во временски период од една недела.