Erbil Başay
08 Јули 2017•Ажурирај: 08 Јули 2017
БЕРЛИН (АА) - Во гемранскиот град Хамбург продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата за време на Самитот на лидерите на Г-20, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што информира полицијата на Хамбург преку социјалната мрежа Твитер, околу 500 демонстранти во регионот Св. Паул фрлаа камења на полицијата, а полицијата возврати со водени топови.
Од друга страна, се истакнува дека пред зградата „Роте Флора“ во населбата Шанценфиртел беа присутни голем број демонстранти со покриени лица и со железни шипки. Според соопштението на полицијата, еден полицаец, откако беше нападнат, пукаше во воздух за да ги предупреди демонстрантите. Полицаецот се засолнил во продавница и сега е на сигурно.
Од полицијата, велат дека демонстрантите формирале барикади во некои улици. Во некои делови од градот продолжија насилните инциденти меѓу полицијата и демонстрантите.
Во текот на денешните протести во Хамбург, запалени беа многу возила и барикади. Наводно, во судирите меѓу полицијата и демонстрантите има повредени.