Uğur Ertaş,Hüseyin Erdoğan
05 Март 2016•Ажурирај: 08 Март 2016
АНКАРА (АА) - Истанбул ќе биде домаќин на третиот Меѓународен самит за нуклеарни централи (INNPS) на 8-ми и 9-ти март, јавува Anadolu Agency (AA).
Самитот ќе се одржи во Конвенцискиот центар во градот.
Меѓу темите на самитот организиран од страна на MCI Group Турција и Асоцијацијата за нуклеарна индустрија на Турција (NIATR) се нуклеарните експерименти на европските земји, идните предизвици на нуклеарната енергија и нуклеарната енергија во Турција.
Секретарот на Асоцијацијата, Корај Тунџер како и различни експерти од неколку земји ќе го отворат самитот и ќе дадат протоколарни говори.
„Овој самит ќе биде најголемиот настан поврзан со нуклеарната енергија на Блискиот Исток и Африка. Ќе присуствуваат учесници од Виетнам, Канада, Украина, Кенија и Јужна Африка и ќе дискутираме за тоа како турските фирми се придружуваат на секторот на нуклеарна енергија”, изјави за АА, генералниот секретар на Асоцијацијата.
На самитот ќе присуствуваат претставници на меѓународни компании за нуклеарна енергија, невладини организации, експерти од тој сектор како и претставници на медиумите.
Според организаторите, своето присуство го потврдиле 800 учесници и 70 говорници од 15 различни земји од светот.