Ahmet Salih Alacacı
07 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот сенатор Крис Марфи порача дека случајот на исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги, мора да се расветли, а дека потврдата на наводите за негово убиство би претставувала пресвртна точка во односите меѓу САД и Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот и колумнистот на весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Кашоги, исчезна на 2 октомври откако влегол во комплексот на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Во Турција е покрената истрага за неговото ичезнување, а репортерот на агенцијата „Ројтерс“ (Reuters) вчера изјави дека Кашуги е убиен во Конзулатот откако бил заложник неколку дена.
Кашуги е познат како критичар на политиката која ја водат властите на Саудиска Арабија, а неговото исчезнување предизвика бура на негодувања, вклучувајќи ги и оние од САД.
Уредникот на весникот „Вашингтон пост“, Фред Хиат, изјави дека исчезнувањето на неговиот колега во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул е неприфатливо, а дека неговото евентуално убиство претставува монструозен чин.
„Доколку се утврди дека е точно, убиството на новинарот би можело да претставува темелен пресврт во американско-саудиските односи“, порача на Твитер американскиот сенатор и член на Комитетот за надворешна политика, Крис Марфи.
Марфи ја повика Владата на Саудиска Арабија итно да одговори на прашањето за исчезнувањето на новинарот.
Турската полиција го истражува случајот, а вчера соопшти дека 15 саудиски државјани и официјални претставници со два авионски лета допатувале во Истанбул и го посетиле саудискиот Конзулат поради исчезнувањето на новинарот Кашоги.
Кашоги во Конзулатот влегол за да добие потребни документи за венчавање, а неговата свршеница вчера изјави дека турската полиција внимателно ги надгледува сите влезови и излези на Конзулатот од моментот на неговото влегување таму.