Esat Fırat
06 Јули 2018•Ажурирај: 07 Јули 2018
ХАИФА (АА) - Лидерот на палестинското движење од 1948 година и симболот на палестинскиот отпор, шејх Раед Салах, во текот на денот ќе биде ослободен, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелскиот Суд претходно донесе одлука за ослободување на Салах, но Обвинителството во меѓувреме поднесе жалба против одлуката, која денес беше одбиена, што значи, претходната одлука на Судот за ослободување на Салах ќе биде спроведена.
Адвокатот на Салах, Омер Хамојсе, за АА денеска изјави дека е одржано рочиште во градот Хаиф и дека израелскиот судија ја отфрлил жалбата на Обвинителството и ја потврдил одлуката за ослободување на Салах, под одредени мерки за забрана.
Судот претходно одлучи дека Салах мора да носи електронска нараквица, потоа мора да престојува во Кефр Кана, северно од Израел, а исто така, забрането му е да дава изјави за медиумите.
Според Хамај, Салах треба да излезе од затвор во следните неколку часа.
Салах, исто така е познат и како „Заштитник на џамијата „Ал-Акса““, а во 2013 година му беше доделена „Награда на кралот Фејсал за служење на исламот“. Во неколку наврати, Израел го осуди на затворска казна, а шеикот Салах еднаш рече дека поради тоа се чувствува „среќен и радосен“.
„Овие одлуки против мене и моето апсење, на крајот се показател на израелското насилство. Ако насилството продолжи, рушењето на Израел е многу блиску. Јас за победата на џамијата „Ал-Акса“ платив многу мала цена“, рече Салах.
Израелскиот Суд, на 18 април 2016 година го осуди Сала на девет месеци затвор за наводно „поттикнување омраза“ во неговото обраќање во џамијата „Ал-Акса“, од пред девет години. Од мај 2016 година, Салах беше во затвор, во самица. На слобода беше пуштен на 17 јануари 2017 година.
Но, надвор од затворот не остана долго. По немирите во џамијата „Ал-Акса“, на 14 јули 2017 година, Салах беше уапсен на 15 август, откако израелската полиција изврши претрес во неговата куќа. Беше уапсен поради тврдење дека „ги поддржувал активностите на илегалните организации“.