Ekipa
27 Март 2016•Ажурирај: 28 Март 2016
ДАМАСК (АА) - Според извештаите на провладините телевизии, сириските оружени сили денес во целост ја презеле контролата над древниот град Палмира, позната по рушевините од римско време, која во мај минатата година ја зазеде терористичката организација ДАЕШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Провладините сили пред скоро три недели започнаа офанзива во обид да ја преземат контролата над градот.
„По тешките борби во текот на ноќта, војската има целосна контрола над Палмира, како на стариот град така и врз станбените делови”, изјави неименуван воен извор.
Сириската опсерваторија за човекови права потврди дека ДАЕШ изгубил контрола над сирискиот град, истакнувајќи дека има голем број загинати екстремисти.
Античкиот град Палмира се наоѓа во близина на подрачјата богати со нафта и гас, како и на патните правци кои водат кон Рака и Деир ез-Зор.
ДАЕШ ја зазеде Палмира во мај минатата година. Тогаш е разорен древниот храм Баалшамин и храмот посветен на божицата Бел, како и манастирот Мар Елиан, кои важеа за едни од најстарите градби во Палмира, која потекнува од третиот век п.н.е.