Emin Tezerdi
28 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
АДИЈАМАН (АА) - Најмалку седум лица загинаа, а десет се повредени во сообраќајна несреќа што се случи рано утринава во турската покраина Адијаман, јавува Anadolu Agency (AA).
Рано утрово на патот Голбаси - Караманмараш, во југоисточната покраина Адијаман, комерцијален автомобил се судри со патнички автобус кој доаѓал од спротивната насока.
Во судирот животот го изгубија најмалку седум лица, а уште десет се повредени.
Меѓу загинатите има и две деца, а меѓу повредените неколкумина се во животна опасност, сите се префрлени во најблиската болница.
Надлежните служби вршат увид на местото на несреќата, но досега не се идентификувани возачите на двете возила во тешкиот директен судир.