Amina Zorniç
08 Јануари 2017•Ажурирај: 09 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Снегот го покри во бело Султнахмет, атрактивниот истанбулски кварт и еден од најстарите делови на градот на Босфорот, пишува Anadolu Agency (AA).
Глетката од воздух, во која Султанахмет на брегот на морето ја оддава својата величенственост и богатство со древните историски градби, е како од бајка.
Снегот ја покри куполата на Аја Софија изградена во 6.век, некогашната византиска црква, потоа џамија, а денес музеј во кој доаѓаат туристи од целиот свет.
Неколку десетици метри подалеку, од снегот е бела и куполата на величенствената џамија Султанахмет со своите шест минариња, позната по својата големина и убавина.
И на фотографиите направени со дрон видливо е дека градот на Босфорот е секогаш раздвижен, бродовите доаѓаат и заминуваат, уличните продавачи ги продаваат своите слатки и пијалоци, групи туристи шетаат, а градот живее брзо како и во летниот период.