Canberk Yüksel
29 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
ЊУЈОРК (АА) - Федералниот суд во Њујорк издаде вонредна наредба со која привремено се забранува САД да ги депортира луѓето од земјите кои американскиот претседател, Доналд Трамп, забрани влез во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Судијката Ен Донели синоќа издаде наредба откако адвокатите на Американската унија за граѓански слободи поднесе тужба во име на луѓето од седум муслимански земји задржани на аеродромите ширум земјата, откако забраната за нивен влез стапи на сила.
Оваа одлука, која важи за целата земја, ја поздравија големиот број демонстранти кои се собраа пред судницата во Бруклин.
Наредбата забранува американската гранична полиција да врати било кој што допатувал во САД од Ирак, Сирија, Иран, Судан, Либија, Сомалија и Јемен.
Одлуката ќе биде во сила до следното рочиште закажано за 21 февруари, а се однесува на лица со валидни визи, како и за сите оние на кои им е одобрено барањето за статус на бегалци.