Fuat Kabakçı
29 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
ПЕКИНГ (АА) - Илјадници луѓе се собраа во паркот Дитан во центарот на Пекинг за да го прослават празникот на пролетта, најважниот и најсвечениот празник во Кина, кој го симболизира почетокот на Новата година според кинескиот лунарен календар, јавува Anadolu Agency (AA).
Во согласност со традиционалниот кинески календар, Кинезите ја испраќаат годината на мајмуните и влегуваат во годината на петелот, а седумдневниот празник е можност за собирање на семејството и пријателите на забави во парковите низ земјата.
Улиците и парковите во најнаселената земја во светот се специјално украсени за дочекот на Новата година во која тие очекуваат спокојство, здравје и благосостојба, а тоа се карактеристиките кои во кинеската митологија се поврзани со петелот.
Во Кина, традиција е во Новата Година да се влезе во друштво на членовите од семејството. Откако заедно ќе вечераат, Кинезите излегуваат на улиците за да го прослават празникот со другите.
Овој празник датира од периодот на династијата Шанг, а традицијата е долга повеќе од 4.000 години.
Празникот трае седум дена, но прославите и фестивалите дури 40 дена. Кинезите на овој празник од годината на мајмуните влегуваат во годината на петелот.