Ayşe Hümeyra Atılgan
29 Декември 2016•Ажурирај: 30 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше по телефон со Владимир Путин, претседателот на Русија околу договорот за прекин на огнот во Сирија, кој треба да стапи во сила на полноќ по локално време (22.00 GMT), на 30 декември, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на претседателот, Ибрахим Калин истакна дека режимот на Башар ал-Асад и сириската опозиција се согласиле за прекин на огнот на целата територија на Сирија, и додаде дека Турција ова го гледа како значаен чекор напред.
„Турција, заедно со Русија, како земја гарант го подддржува тоа (прекинот на огнот)“, рече Калин.
„Прекинот на огнот, сепак, не ги вклучува терористичките групи наведени од страна на Советот за безбедност на ОН“, додаде Калин.
Ердоган и Путин исто така разговарале и за претстојниот состанок во Астана, Казахстан, каде што ќе се сретнат претставници на сирискиот режим и опозицијата, под водство на Турција и Русија.
Состанокот во Астана е дел од напорите на Турција и Русија за отпочнување на политичкиот процес во Сирија.