Didar Yüsra Dilruba Öz
29 Декември 2016•Ажурирај: 30 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турската војска соопшти дека од април оваа година, шеснаесет терористи на ДХКП-Џ се неутрализирани во антитерористичките операции во Тунџели во областа источна Анадолија, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили денес соопштија дека последните двајца припадници на терористичката ДХКП-Џ во Тунџели биле неутрализирани вчера, за време на операцијата во руралниот дел на Тунџели.
Во денешното соопштение исто така се вели дека над 100 припадници на терористичката група ПКК, ТИККО и ДХКП-Џ се убиени во последните четири месеци.
Во текот на операциите, запленета е голема количина муниција и животни намирници.
ПКК е прогласена за терористичка организација од страна на Турција, САД и ЕУ. Оваа терористичка организација ја продолжи својата повеќедецениска оружена кампања во јули 2015 година.
Откога ПКК ги продолжи своите напади, повеќе од 1.100 лица, вклучувајќи над 800 припадници на безбедносните сили и повеќе од 300 цивили ги загубија своите животи во нападите.
Повеќе од 4.000 припадници на безбедносните сили и над 2.000 цивили беа повредени.
Во антитерористичките операции се убиени или уапсени повеќе од 10.000 терористи на ПКК. Запленети се околу 5.500 парчиња оружје и 652.000 парчиња муниција, околу 142 тони експлозив и 15.000 бомби.