Hanife Sevinç,Mustafa Hatipoğlu,Ali Cevahir Aktürk
19 Март 2016•Ажурирано: 19 Март 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Пет лица загинаа, а 20 се ранети во терористичкиот напад кој се случи во 11 часот по локално време во улицата Истиклал во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Истанбул Васип Шахин изјави сека во квартот во Бејоглу, пред кабинетот на градоначалникот, дојде до терористички напад, во кој загинаа пет лица, меѓу кои и напаѓачот.
Шахин исто така потврди дека во нападот се ранети 21 лице, меѓу кои три потешко, како и дека една од тешко повредените жртви почина во болница. Тој додаде дека детално соопштение ќе биде објавено по увидот. Ранетите се хоспитализирани во неколку болници во Истанбул.
На местото на екслпозијата стасаа бројни екипи на итна помош, полицијата и противпожарните екипи. Увидот е во тек, а поддршка од воздух пружа и хеликоптер.