Enes Canlı
08 Јули 2018•Ажурирај: 09 Јули 2018
ТУНИС (АА) - Во терористички напад извршен денес во подрачјето на Џендуба, во Тунис, загинаа најмалку 9 припадници на безбедносните сили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Државната телевизија на Тунис јавува дека припадниците на Националната гарда при Министерството за внатрешни работи биле цел на нападот извршен во градот Гар Димау.
На двете возила во кои се наоѓале припадниците на безбедносните сили, во планинското подрачје во близина на границата со Алжир, прво бил извршен бомбашки напад, а потоа вооружена група отворила оган.
Во Тунис во 2015 и 2016 година се извршени низа терористички напади во кои животот го загубија туристи и припадници на безбедносните сили.