Ekip
26 Јули 2016•Ажурирај: 26 Јули 2016
ТОКИО (AA) – Најмалку 19 лица се убиени, а повеќе лица се ранети во нападот кој напаѓач го извел со нож во Центар за лица со посебни потреби во близина на Токио, што е најтрагичен случај на масовно убиство во модерната историја на Јапонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Јапонската новинска агенција Кјодо јавува дека напаѓачот доцна синоќа додека пациентите спиеле го извел крвавиот напад во зградата за грижа на лицата со посебни потреби Цуки Јамајури Ен во местото Сагамихара, западно од центарот на Токио.
Напаѓачот рано утрово се предал на полицијата во лоакална полициска станица, после што е уапсен поради масовното убиство.
Полицијата соопшти дека во нападот се убиени најмалку 19 лица, а ранети се 25. Меѓу ранетите 20 лица се со тешки повреди опасни по животот.
Напаѓачот е поранешен вработен на спомнатата специјализирана институција, а во текот на предавањето на полицијата рекол дека е најдобро лицата со посебни потреби да исчезнат.
Ова е најголем напад од тој вид во модерната историја на Јапонија, поголем од оној од 1995 година кога во подземна железничка во Токио во нападот со нервен гас сарин се убиени 12 лица.
Во Јапонија во последните пет години се случија два напади во кои напаѓачите користеле ножеви, а причина за тоа е што поради строгите законски забрани е речиси невозможно да се поседува пиштол или огнено оружје во таа земја.