Emre Aytekin
07 Август 2018•Ажурирај: 08 Август 2018
ВАШИНГТОН (AA) – Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, порача дека оние кои соработуваат со Иран, не можат да соработуваат со САД, јавува Anadolu Agency (AA).
„Санкциите кон Иран се официјално на сила. Ова се најостри санкции, кога било досега применети, а во ноември ќе бидат подигнати на повисоко ниво. Секој кој работи со Иран, нема да работи со САД. Барам светски мир, ништо помалку“, напиша Трамп на Твитер.
Денес (вторник), 7 август, започна примената на првиот пакет санкции, кои Соединетите Американски Држави (САД) ги воведоа откако американскиот претседател Доналд Трамп во мај соопшти дека оваа земја се повлекува од Нуклеарниот договор.
Првиот пакет санкции се однесува на блокада на финансиските трансакции, трговијата со челик, јаглен, алуминиум, увозот на патнички авиони и нивните резервни делови. Вториот пакет санкции на сила ќе стапат на 5 ноември.