Ekip
23 Декември 2016•Ажурирај: 24 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Амбасадорката на Република Турција во Скопје Тулин Еркал Кара, на 22 декември го посети амбасадорот на Руската Федерација во Скопје Олег Николаевич Шербак на кој му го изрази своето сочуство за амбасадорот Андреј Карлов кој беше предавнички убиен од страна на еден терорист и беше првото официјално лице кое се потпиша во Кингата на жалост, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорката Еркал Кара на рускиот амбасадор Шербак му го рече следното: „Почитуван амбасадоре, нашиот почитуван колега Андреј Карлов беше многу почитуван дипломат. Стана жртва на еден подол терористички напад кој сите длабоко не натажи. Сакам да изразам сочуство во името на мојата држава и во мое лично име".
„Би сакала да го знаате ова, дека овој трагичен настан, како што ја натажи Русија и рускиот народ, така ја натажи и Турција и турскиот народ. Сметаме дека овој атентат нема да делува многу значано на турско-руските односи, во време кога тие дојдоа на многу добро ниво. Се надевам и верувам дека овој терористички напад нема да ги расипе турско-руските односи. Охрабрува трезвениот пристап на двете држави после овој акт на провокација. Ја изразувам својата почит со надеж дека нема да се повтори еден ваков сличен настан", истакна амбасадорката Кара.