Sarp Özer
28 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили изведоа воздушни напади против сепаратистичката терористичка организација ПКК на северот од Ирак, во подрачјата на Хакурк и Гара, при што се уништени десет цели, меѓу кои засолништа и магацини, јавува Anadolu Agency (AA).
Од воени извори се дознава дека турските воздухопловни сили синоќа извеле воздушна операција во подрачјата на Хакурк и Гара, на северот од Ирак.
Воените авиони извршиле напад врз засолништа, скривалишта и магацини на терористичката органзиација, при што се уништени 10 позиции на терористите на ПКК.