Meltem Bulur
09 Септември 2016•Ажурирај: 09 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Омер Челик денеска во Анкара изјави дека Турција очекува да се отворат поглавјата 23 и 24 во преговорите за членство во ЕУ, што се однесуваат на слободата на медиумите и темелните права и слободи, јавува Anadolu Agency (AA).
Потсетувајќи на критиките за прашањата поврзани со ова поглавје, Челик повика на нивното отворање, ако целта е зајакнување на демократијата.
Во посета на Анкара денеска престојуваат високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, и комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.