Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
01 Март 2021•Ажурирај: 02 Март 2021
АНКАРА
Турција ја осуди употребата на сила врз мирните демонстранти кои протестираат во Мјанмар против воениот удар, што предизвика загуби на многу цивилни животи.
„Со длабока загриженост забележуваме дека стабилноста во Мјанмар се влошува по државниот удар на 1 февруари 2021 година” , се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
„Повикуваме да се преземат неопходните чекори за враќање на демократијата за одржување на мирот и стабилноста во земјата и итно прекинување на насилството врз мирните демонстранти", се порачува во соопштението на турското МНР.
Претходно, Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (ОН), исто така, ја осуди ескалацијата на насилството против демонстрантите кои протестираат против воениот удар во Мјанмар и соопшти дека има веродостојни информации дека поради употреба на сила најмалку 18 луѓе починале, а преку 30 лица се ранети.
Според изјавите на сведоците и известувачите на локалните медиуми, демонстрантите се соочиле со солзавец, гумени куршуми и шок бомби во одговорот на полицијата и војската на кампањата против военото преземање на власта во земјата од југоисотчна Азија.
Мјанмарската војска прогласи вонредна состојба на 1 февруари, неколку часа по притворањето на челничката на земјата Су Кји и останатите водечки членови на владејачката партија Национална лига за демократија (NLD). Воениот удар се случи неколку часа пред првото заседавање на новиот состав на парламентот по изборите во ноември минатата година на кои партијата НЛД оствари победа.