Sarp Özer
02 Ноември 2016•Ажурирај: 03 Ноември 2016
ХАТАЈ (АА) – По распоредувањето на турските вооружени сили (ТВС) на границата, турскиот министер за одбрана Фикри Ишик и командантот на турските копнени сили, генерал Салих Зеки Чолак се во посета на пограничните трупи , јавува Anadolu Agency (AA).
Ишик и генералот Чолак пристигнаа во Хатај со воен авион на турските вооружени сили. На аеродромот, тие беа пречекани со армиски хелихоптер од страна на гувернерот на Хатај, Ердал Ата и генерал-полковник, Метин Темел.
Најпрво пристигнаа во граничната караула, која ѝ припаѓа на командата на копнените сили, каде што министерот Ишик се потпиша во меморијалната книга на караулата. Тој ја разгледа ситуацијата на граничната караула, а потоа ја посети и набљудувачката кула.
Обиколката продолжи по ручекот со војниците.