Ramazan Ercan
02 Ноември 2016•Ажурирај: 03 Ноември 2016
ИЗМИР (АА) - Во октомври почна повторно да опаѓа бројот на мигрантите, кои со надеж за подобар живот во Европа, по илегални патишта се обидуваат да преминат на грчките острови, јавува Anadolu Agency (AA).
Бројот на мигранти што екипите на крајбрежната стража ги фатиле при нивното илегално преминување по Егејското Море, во октомври е намален за 28,8 отсто и изнесува 2.437 лица.
Според информациите до кои дојде дописникот на Anadolu Agency, намален е бројот на мигрантите што поради економска и политичка неизвесност побараа засолниште во Турција, и со желба за подобар живот, на илегален начин се обидуваат по „патот на надежта“ да стигнат до Европа. Иако оваа бројка во голема мера е намалена во однос на минатата година, сепак, сѐ уште продолжуваат обидите за илегални преминувања.
Со цел да се стави крај на трговијата со луѓе и да се намали бројот на загинатите при илегалните преминувања, на 18 март 2016 година, во Брисел, Турција и Европската Унија потпишаа договор за реадмисија. Бројот на мигрантите на „патот на надежта“ потоа се намали до стотина, а од јули повторно почна да расте и својот врв го доживеа во септември, кога бројката изнесуваше 3.425 мигранти.
- Бројката на фатени мигранти се приближи до 35.000 -
Бројот на мигранти што екипите на крајбрежната стража ги фатиле при нивното илегално преминување по Егејското Море, во октомври е намален за 28,8 отсто и изнесува 2.437 лица. Тоа е намалување на бројот на фатени мигранти за 28,8 отсто во однос на септември.
Во обид на илегален начин да го преминат Егејското Море, во јануари се фатени 5.506 мигранти, во февруари 8.747, март 8.530, април 1.717, мај 1.109, јуни 538, јули 881, август 603, додека во септември се фатени 3.425 мигранти.
Од Нова година досега, фатени се 34.493 мигранти. Во истиот период мината година беа фатени 73.479 мигранти.