Aynur Ekiz
20 Декември 2018•Ажурирај: 20 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара го прими својот ирански колега Хасан Рохани, јавува Anadolu Agency (AA).
Иранскиот претседател допатува во дводневна официјална посета на Република Турција. Тој во Анкара пристигна во придружба на бројна делегација од високи ирански официјални лица.

Турскиот претседател го прими Рохани во Претседателската палата со највисоки државни почести, а потоа двајцата претседатели започнаа билатерален состанок.
Ердоган и Рохани по состанокот ќе претседаваат и со 5. Заседание на Советот за соработка, а потоа ќе имаат обраќање пред новинарите.
Најавено е и потпишување на низа билатерални договори, како и учество на двајцата претседатели на Бизнис-форумот во палатата Чанкаја.