Faruk Zorlu
26 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
АНКАРА (АА) - Најголемиот турски производител и изведувач во полето на одбраната постави рекорд со најголемата ракетна артилерија во светот, објави денес компанијата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Џобарија, повеќецевниот ракетен фрлач, развиен од страна на „Roketsan“ (Рокетсан) за Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), постигна Гинисов рекорд за најголема ракетна артилерија во светот во однос на бројот на барели“, истакна компанијата во соопштението испратено до новинарите.

Системот, кој се смета за најсилен 122-милиметарски артилериски ракетен систем во светот, има четири ракетни лансери прицврстени на полуприколка со 10 тркала, од кои секој носи по една 122-милиметарска ракета.
Овој артилериски ракетен систем може да истрела 240 ракети врз цели со максимален опсег од околу 37 километри (23 милји). Ракетите може да уништат површина од четири квадратни километри.

Минатата година „Aselsan“ (Аселсан), водечката турска компанија во одбранбената индустрија, оствари приходи од 1,4 милијарди долари, за разлика од 1,2 милијарди долари остварени приходи во 2016 година. Таа е активна во полето на воените и цивилните телекомуникации, радарите, електронското војување, одбраната, оружјето и системите за командување, контрола и навигација.