Sarp Özer
17 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
АНКАРА (AA) - Авионите на турските воздушни сили ги бомбардираа вчера положбите на терористичката организација ПКК на северот на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Во бомбардирањето кое го изведоа авионите од типот F-16 и F-4 уништени се 26 цели, вклучувајќи ги и засолништата и складиштата кои ги користеле терористите.
Според изворите блиски до Генералштабот на Вооружените сили на Турција, воздушните сили во три наврти ги бомбардираа положбите на терористите на подрачјето на Метина, Синат, Хафтанин и Зап.