Ekip?
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
ИЗМИР (АА) - Турските вооружени сили спроведуваат едномесечна воена вежба Ефес - 2016, а на денешната програма на активности на здружените сили присуствуваше бројна делегација на чело со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за воена вежба која што во областа Сеферихисар во турската покраина Измир започна на 4-ти мај и којашто ќе трае до 4-ти јуни. Целта на акцијата е унапредување на воените способности на турските сили, а учествуваат единици на логистичките, воздухопловните, копнените, поморските, разузнавачките оддели на турската војска.
На денешната програма на Вежбите во регионот Доганбеј како набљудувачи, покрај претседателот Ердоган и премиерот Јилдирим, присуствиуваат и началникот на Генералштабот Хулуси Акар и туркиот министер за одбрана Фикри Ишик.
Во воените вежби во Измир учествуваат 7.500 војници, а меѓу нив и 900 војници од турксите сојузнички земји Германија, САД, Азербејџан, Велика Британија, Катар, Пакистан, Полска и Саудиска Арабија.
На Вежбите денес присуствуваат и 255 набљудувачи од 79 земји, меѓу нив се азербејџанскиот министер за одбрана, Закир Хасанов, началникот на Генералштабот на војската на Саудиска Арабија, Абдулрахман Салех Ал Бунјани, началникот на Генералштабот на Катар, Ганим бин Шахин Ал Ганим, челникот на Генералштанот на украинската војска, Виктор Музенко, заменикот- началник на Генералштабот на полските вооружени сили, Анатол Војтан, командантот на американските копнени сили во Европа, Бен Ходс, командантот на копнените сили на Јапонија, Кијофуми Ивата и командантот на копнените сили на Пакистан, Рахил Шариф.
За следење на опсежните воени вежби акредитирани се скоро 200 новинари, меѓу кои и 22 од странство.