Sinan Uslu
19 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) извршија воздушна акција против терористичката организација ПКК во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека во акцијата, меѓу другото, уништени се објекти за складирање оружје што го користеле терористите.
По успешното завршување на мисијата, авионите се вратија во базата.