Burcu Arik
03 Април 2018•Ажурирај: 04 Април 2018
ВАН/ДИЈАРБАКИР/ЕРЗУРУМ (АА) - Турската кампања против шверцот на дрога зададе голем удар на пристапот до финансиски средства на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците кои ги доби АА, тековните антитерористички операции во земјата, како и во подрачјето на Африн, Сирија, и во Северен Ирак резултираа со строга гранична безбедност и пресекување на финансирањето на терористичката организација кое го остваруваше преку трговијата со дрога.
Во првите три месеци од 2018 година, воените и полициски сили спрoведоа над 1.000 операции против шверцот на дрога, кои најмногу беа насочени кон југоисточните и источните региони на Турција.
Бројките велат дека за време на операциите биле конфискувани два тона хероин, повеќе од 16 тони марихуана, 78 килограми синтетичка дрога, речиси 9.000 таблети, над 10 килограми морфиум, 550 литри киселински анхидрид.
Уапсени се 2.032 осомничени, додека 455 лица се задржани во притвор.
Податоците покажуваат дека операциите најмногу се спроведувани во источната област Ван и југоисточната област Дијарбакир, кои се сметаат за две најважни транзитни точки за снабдување со дрога на терористичката организација.
ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на САД, Турција и ЕУ, ја продолжи својата триесетгодишна кампња против Турција во која загинаа околу 40.000 лица, вклучувајќи жени и деца.