Burcu Arik
12 Јули 2018•Ажурирај: 12 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот суд денеска изрече доживотни затворски казни за 84 обвинети, припадници на терористичката организација ФЕТО, кои за време на воениот удар во 2016 година учествуваа во случувањата на истанбулскиот „Мост на загинатите херои од 15 јули“, јавува Anadolu Agency (AA).
Ноќта, за време на неуспешниот обид за државен удар на терористичката организација ФЕТО, на „Мост на загинатите херои од 15 јули“ (тогаш Босфорски мост) загинаа 34 лица, вклучувајќи го истакнатиот огласувач Ерол Олчок и неговиот син Абдула Таип Олчок.
Сите, освен двајца од загинатите, беа цивили. Останатите двајца беа полициски службеници.
Вкупно 133 осомничени кои беа задржани во притвор, се сослушани на денешното судење во 25. Истанбулски кривичен суд, велат судски извори, кои сакаа да останат анонимни.
За време на сослушувањето, 72 од осомничените пучисти добија казна отежнат доживотен затвор, поради обид за соборување на уставниот поредок, додека 12 други ја добија истата казна за убиството на Олчок и неговиот син.
Останатите осомничени пучисти добија затворски казни во времетраење од 15 до 17 години.