Esra Akgün
30 Јануари 2016•Ажурирај: 31 Јануари 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во бродоломот во близина на местото Ајваџик, на турскиот брег на Егејското Море, крајбрежната стража ги пронајде телата на уште шестмина мигранти, со што бројот на удавени се зголеми на 39 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Крајбрежната стража успеа да спаси вкупно 75 лица.
Овие мигранти на илегален начин се обиделе да стигнат до грчкиот остров Лезбос.
Мигрантите, меѓу кои голем број жени и деца, по потекло се од Бурма, Авганистан и Сирија.
Турските сили и понатаму продолжуваат да бараат евентуални преживеани, а вкуониот број на патници на бродот и понатаму не е познат.
Сè уште не се познати причините за потонувањето на бротчето.
Според Меѓународната организација за миграции (IOM), првиот месец од оваа година во Егејското Море животот го загубиле 218 лица, а до брегот на Грција стигнале 52.000 мигранти.