Aziz Aslan
19 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
ДИЈАБАКИР (АА) - Во акција против терористичката организација ДЕАШ спроведена во Дијабакир, на југоисточниот дел на Турција, приведени се 20 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на истрагата на Главното обвинителство во Дијабакир, на екипите на одделот за борба против тероризмот, спроведени се истовремени акции на неколку локации.
Се трага по две лица за кои е донесена одлука за приведување.
Покрај тоа, во антитерористичката акција во Анкара извршена синоќа, убиен е припадник на терористичката организација ДЕАШ за кој постои сомневање дека планирал самоубиствен напад.
Турските официјални лица се сомневаат дека Ахмет Б. (роден 1992 година) подготвувал напад за време на планираните церемонии по повод 29 октомври, Денот на Република Турција.