Hüseyin Kanber
27 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
АНТАЛИЈА (АА) - ХУСЕИН КАНБЕР – При ископувања во античкиот град Аспендос, во Анталија, Турција, пронајдени се градби стари 2.000 години за кои се претпоставува дека биле користени како продавници или складишта, јавува Anadolu Agency (AA).
Античкиот град Аспендос чиј театар, но и други градби, привлекуваат голем број на туристи, секој ден им пружа нови изненадувања на истражувачите.
Површинските истражувања започнаа во 2008 година, а со одлуката на Советот на министри на Турција од 2014 година започнаа ископувањата кои се продолжени и денес, и тоа под надзор на професорот од Универзитетот нa Хаџетепе, Вели Косе.

Косе за АА изјави дека овогодишните ископувања биле фокусирани на подрачјето за кое се претпоставува дека се наоѓал трговски комплекс.
Тој укажа и на важноста на продавниците и другите градби стари 2.000 години.
„Сметаме дека во овие продавници продавале вредни материјали и дека тука биле складирани. Покрај тоа, постои можност дека некои од нив се користени како уреди“, изјави Косе кој додаде дека овие тврдења се поткрепени од фактот дека се наоѓале веднаш во близина на агората но и центарот на градот.
Косе додаде дека за време на ископувањето се пронајдени и големи количини на ковани пари од хеленистичкиот и римскиот период.

Според неговите зборови, во една продавница се пронајдени остатоци кои би можеле да се дел од стаклени амфори, шишиња за масло и парфеми, свеќници, копчиња за каиш, украси за коса, клинци, прстени и камења за прстени и многу други предмети.
„Тоа што просторот е изграден во облика на комплекс и продавница на два ката, и што постоеле деловни објекти, покажува дека ова бил важен центар на трговијата. Тоа го знаеме и од списите. Аспендос е град познат по огледувањето пченица и коњи“, изјави Косе.