Süleyman Umut Gürhan,Hasan Namlı
31 Март 2016•Ажурирај: 01 Април 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Во експлозија којашто се случи денес во близина на автобуска станица во Дијарбакир, во југоисточниот дел на Турција, загинаа четворица полицајци, додека 14 лица, меѓу кои има и цивили, се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите бомбашкиот напад го изведоа во местото Баглар во Дијарбакир, во моментот кога минувало полициско возило.
Според првичните информации, силна експлозија се случила во близина на автобуска станица во моментот кога по тој пат минувало возило во кое се наоѓале припадници на специјалната полиција.
На многу згради во близина на автобуската станица се искршени стаклата од прозорците, додека одреден број на возила се оштетени.