Özüm Yalkın
29 Април 2016•Ажурирај: 30 Април 2016
КИЛИС (АА) - Два ракетни проектили испукани од Сирија паднаа во празно поле во Килис, Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, два ракетни проектили од Сирија во која сè уште се води граѓанска војна, паднале во поле со посев и поле со малинки во Килис. По пријавата, на местото пристигнале голем број противпожарни возила, возила на прва помош и безбедносни сили.
Жандармеријата по увидот дека нема починати и повредени, во околината презеде безбедносни мерки.
Од настанатата експлозија една куќа претрпела мала материјална штета.