Aylin Sırıklı
16 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку 90 лица се убиени, а 1.154 лица ранети за време на синоќешниот обид за државен удар во Турција.
Припадниците на турските вооружени сили лојални на терористичката организација Фетулачи/Паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ) чиј водач е Фетулах Ѓулен, синоќа се обидоа да извршат државен удар во Турција, но турските безбедносни сили со поддршка на граѓаните кои во голем број излегоа на улиците, го спречија рушењето на демократски избраната влада.
За време на нелегалните акции ширум Турција, синоќа животот го загубија најмалку 90 лица, а ранети се 1.154 лица.
Во рамките на истрагата за синоќешниот обид за државен удар ширум Турција, од слобода се лишени 1.563 припадници на Турските вооружени сили (ТСК) кои се поврзани со терористичката организација ФЕТО/ПДЈ.