Yalçın Çelen
13 Август 2016•Ажурирај: 15 Август 2016
БАРТИН (АА) - Во поплавите кои настанаа како резултат на обилните врнежи од дожд што започнаa синоќа во Бартин, град во северна Турција, беа спасени 54 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот Бартин Нусрет Дирим изјави дека луѓето се спасени од автобуси и помали возила. Дирим рече дека од автобусот се спасени 47 лица.
Според гувернерот Дирим во опсег помалку од еден километар се наоѓа возило и во него заробени луѓе, и дека се прават напори тие да бидат спасени со поддршка од хеликоптер. Дирим додаде дека ќе вложи напори луѓето да се евакуираат пред зајдисонце.
Тој нагласи дека паднале 74 литри дожд на квадратен метар.