Mehmet Akif Parlak,Rauf Maltaş
14 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
ШАНЛИУРФА (АА) - Во Шанлиурфа, град на југот од Турција, приведени се четири лица кои се поврзуваат со возилото користено во терористичкиот напад во Анкара, кој се случи синоќа, во вечерните часови, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите за борба против тероризмот добија информации дека возилото користено во експлозијата е купено во Шанлиурфа.
По давањето изјави во локалната полициска станица, приведените лица ќе бидат префрлени во Анкара.
Во терористичкиот напад кој се случи вчера, во центарот на Анкара, според последните податоци загинаа 37 лица, а над 120 се повредени. Експлозијата се случи во 18:45 часот по локално време на автобуска станица, недалеку од раскрсницата кај паркот Гувен во центарот на турскиот главен град, во моментот кога на неа имало многу луѓе.