Tuncay Kayaoğlu
14 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 69 лица, вклучувајќи и малолетници, се приведени во денешните анти-терористички операции низ Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Антитерористичките акции беа изведени на бројни адреси во истанбулската населба Газиосманпаша и Султангази, во потрага по членови на младинското крило на терористичката ПКК.
Петнаесет лица се приведени под сомнение за пропаганда во корист на ПКК и за навреда на државни официјални лица.
Дополнително, 12 лица се приведени во централната турска покраина Ескишехир а две лица се приведени во Истанбул како резултат на истрагата водена во Ескишехир, изјави денес гувернерот на покраината, Гунгор Азиз Туна.
Во јужната покраина Адана, полицијата приведе најмалку 36 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ПКК, соопшти полицијата.
Во источната покраина Ван, полицијата приведе четири лица.
Овие акции се резултат на синоќешниот бомбашки напад во главниот град Анкара, во кој животот го изгубија 37 лица.