Ömer Yıldız
14 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
ИСТАНБУЛ/АДАНА - Десетици осомничени се лишени од слобода во текот на ноќта и утринава во опсежни антитерористички акции на турската полиција по терористичкиот напад во Анкара вчера, во кој загинаа 37 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Акциите во Истанбул и Анкара ги спроведуваа специјалните единици на турската полиција за борба против тероризмот, а од слобода се лишени десетици членови на терористичката организација ПКК. Во акцијата на полицијата учествуваа и хеликоптери.
Покарј апсењата, извршени се и претреси на голем број адреси.
Министерот за здравство на Турција, Мехмет Муезиноглу, потврди утринава дека бројот на смртно настраданите во синоќешниот терористички напад во Анкара е зголемен на 37 лица.
Според последните информации, во нападот се ранети 120 лица.
Турскиот министер за внатрешни работи, Ефкан Ала, наостро го осуди нападот.
„Терористичкиот напад изведен е со активирање на автомобил-бомба во движење, на автобуската станица во квартот Кизилај во Анкара. Мета на нападите беа цивилите кои чекаа автобус на станицата. Најостро го осудуваме тој подол чин. Повторно препорачуваме оние кои стојат зад овој напад нема да успеат во своите цели. Овој народ надмина бројни проблеми”, рече Ала во синоќешното обраќање на новинарите.