Hasan Esen
07 Март 2016•Ажурирај: 08 Март 2016
АНКАРА (AA) - Турција од Европската унија (ЕУ) побара до крај на јуни оваа година да го укине визниот режим за турските државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изворот од Владата на Турција, Анкара од Европската унија (ЕУ) побара до крај на јуни укинување на визниот режим за турските државјани, да обезбеди фонд од додатни три милијарди евра, покрај постоечките три милијарди евра наменети за сириските бегалци.
Турските власти од Брисел побараа и ЕУ да прими еден бегалец за секој нов бегалец кој ќе го прифати официјална Анкара.
Челниците на ЕУ наводно ги разгледуваат спомнатите предлози на турските власти.
Инаку, во нацрт предлогот кој е подготвен во текот на денешниот самит ЕУ-Турција во Брисел се наведува дека листата на акциите за двете страни е со цел решавање на бегалската криза.