Mesut Varol
12 Септември 2016•Ажурирај: 12 Септември 2016
ВАН (АА) - Меѓу зградите кај канцеларијата на гувернерот и покраинското седиштето на Партијата на правдата и развојот (АК партија) во југоисточниот турски град Ван имаше експлозија, во која беа повредени неколку лица. На местото на настанот беа испратени голем број на амбулантни возила, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува новинарот на АА, на местото се наоѓаат голем број на полициски и противпожарни екипи. Детонацијата ги оштети околните згради, а повредените беа префрлени до најблиската болница.