Hamdi Çelikbaş
22 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Припадниците на Турските вооружени сили (ТСК) во операциите спроведени од 11 до 21 мај во Ширнак, Хакќари, Дијарбакир, Ерзурум, Ардаган, Бинѓол, Мус и во Хатај во Туција, неутрализираа 93 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска објави соопштение за акциите против терористичката организација ПКК во Турција, како и за борбата против тероризмот во северниот дел на Сирија.
Во тек се антитерористичките акции, чија цел е да се ослободат подрачјата, особено Хакќари, Ширнак, Сирт, Дијабакир, Батман и Тунџели во Турција, кои припадниците на терористичката организација ПКК ги користат како засолништа или привремени штабови.
Во акциите, меѓу останатото, запленети се 314 пешадиски пушки, четири снајпери, пет ракетни фрлачи, 597 рачни бомби, 53 рачно изработени експлозиви, 2.300 килограми амонијак нитрат, повеќе од 150.000 парчиња муниција и слично.
Уништено е 71 скривалиште, засолништа, пештера и складиште што ги користеле терористите.
Исто така, запленета е и поголема количина на дрога и цигари од чија продажба терористичката организација ПКК доаѓа до финансиски средства.
Во рамките на контролата на границите на Турција, фатени се 8.755 лица кои по илегален пат се обиделе да ја преминат границата.
За време на операциите извршени во споменатиот период загинаа седуммина турски војници, а 27 се ранети.
Во северниот дел на Сирија, Слободната сириска армија којашто ја поддржува ТСК воспостави контрола над 243 населби и на површина од над 2.015 квадратни километри помеѓу Азаз и Џарабулус.
Продолжени се и акциите за чистење на Ал Баб, Кабасин и Бзагах од мини и од други експлозивни средства. Исто така, и понатаму се применуваат мерки со цел да се спречат можните напади на терористичката организација ПКК/ПЈД на подрачјето од Африн кон исток и Мунбич кон запад.
Во соопштението се наведува дека за време на акциите се нанесени тешки удари на сепаратистичката организацја ПКК и дека со одлучни и успешни операции, како и со запленување на оружјето, зададен им е еден од најголемите удари на логистичката поддршка во последните неколку години.
Од ТСК е објавено дека одлучната борба против терористичката организација ќе биде продолжена сѐ додека последниот припадник на терористичките организации, првенствено на ПЈД/ЈПГ/ПКК, ФЕТО/ПДЈ и ДЕАШ не биде неутрализиран.