Ekipa
04 Август 2017•Ажурирај: 05 Август 2017
ДОХА (АА) - Катар и Турција се подготвуваат за одржување на заедничка поморска воена вежба, закажана за 6 и 7 август, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека командантот на поморските сили на емиратот Катар, вицеадмиралот Мухамед бин Насир ел-Мухенеди, изминатиот понеделник ја посетил турската фрегата „ТЦГ Ѓокова“ која се укотвила на пристаништето Хамед, југоисточно од главниот град Доха.
Мухенеди при посетата на фрегатата, се сретна со поморскиот полковник, Хасан Озјурт, и се информираше за технолошката опременост и вооружувањето на бродот. Се дознава дека на средбата е постигната координација во врска со вежбата која треба да се одржи на 6 и 7 август.
Фрегатата „ТЦГ Ѓокова“ е составена од 214 војници и е дел од командата на турската морнарица. Со цел да учествува во заедничката вежба на Турција и Катар, фрегатата во понеделникот се вкотви на пристаништето Хамед