Izzet Taskiran
03 Ноември 2016•Ажурирај: 04 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Фатено е лицето со иницијали М.С.Г, кое утринава упати лажна дојава за бомба во авион на „Туркиш ерлајнс“ кој сообраќа на релација Истанбул-Дијабакир, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за лажна дојава, а М.С.Г. во изјавата за полицијата кажал дека тоа го сторил бидејќи доцнел на летот. Тој мислел дека на тој начин летот ќе биде пролонгиран и дека на крајот ќе стигне да се качи во авионот.
Лажната дојава за бомба е упатена во утринските часови, по што авионот е претресен од безбедносни причини. Утврдено е дека во авионот нема бомба, а лицето кое е одговорно за лажната дојава е уапсено.