Sarp Özer
25 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
АНКАРА (АА) - Нападот врз конвојот на лидерот на турската опозициска Републиканска народна партија (ЏХП), Кемал Киличдаролгу, кој се случи денес во североисточниот турски град Артвин, беше извршен од страна на терористите. Притоа, потешко е рането едно, додека полесно се ранети две лица, потврди турскиот министер на внатрешни работи Ефкан Ала, јавува Anadolu Agency (AA).
„Терористите отворија оган врз возило на жандармеријата која беше задолжена за обезбедување на конвојот на лидерот на Републиканската народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу. Притоа, потешко е ранет еден војник додека двајца подофицири се полесно повредени”, потврди министерот за внатрешни работи на Турција.
Лидерот на ЏХП, престојувал во местото Шавшат, недалеку од градот Артвин, каде што разговарал со локалните жители, а потоа го напуштил местото. Терористите отворија оган на безбедносните сили во моментот кога на патот минувал конвојот во кој се наоѓал Киличдароглу. Неговото обезбедување возврати на огнот, при што се оддалечија од местото на настанот.
„Нека не се грижи никој за мене, јас сум добро. Го напуштивме местото каде што дојде до судирот”, изјави Киличдароглу, вклучувајќи се во живо во една турска телевизија, кратко по нападот.
По нападот, со Киличдароглу разговараше и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. Со Киличдароглу телефонски разговараше и премиерот на Турција и претседател на владејачката Партија за правда и развој (АК Партија), Бинали Јилдирим.