Batuhan Atik
08 Јануари 2017•Ажурирај: 09 Јануари 2017
БУРСА (АА) - На една од најпопуларните дестинации за љубителите на скијањето и другите зимски спротови во Турција, Улудаг, висината на снежната покривка изнесува 260 сантиметри, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставници од Заводот за метеорологија на Бурса, за АА изјавија дека по последните врнежи во пределот каде што се наоѓаат хотелите, висината на снегот изнесува 2,60 метри.
Температурата на воздухот изнесува 15 степени Целзиусови под нулата, а снежните врнежи ќе продолжат до петок, 13 јануари.
Екипите за одржување на патиштата неуморно работат на расчистување на делницата Бурса-Улудаг, а екипите на жандармеријата проверуваат дали возачите имаат законски пропишана зимска опрема.
Повремените снежни врнежи и густата магла не спречија многу странски и локални туристи да уживаат во снегот и скијањето, како и викендот да го поминат на чист воздух.