Alp Ertunga Karaca,Sertaç Bulur,Cankut Taşdan
19 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Во антитерористичка акција изведена синоќа во Анкара, убиен е припадник на терористичката организација ДЕАШ за кој постои сомнение дека планирал самоубиствен напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите на Одделот за борба против тероризмот на полициската управа во Анкара по дојава отишле на местото каде што се криел Ахмет Б., (1992), припадник на ДЕАШ, со место на живеење во Дијарбакир.
Откако одбил да се предаде, тој отворил оган врз припадниците на силите за безбедност. Во пукотницата Ахмед Б. е застрелан.
Тимовите на контрадиверзантската заштита во текот на претресот на станот пронашле големи количини експлозивен материјал, кој од страна на безбедносните сили е изнесен од зградата и уништен.
Гувернерот на Анкара , Ерџан Топаџа рече дека акцијата започнала три часа по полноќ. Според него, Ахмет Б. бил забележан трипати на безбедносните камери во близина на Аниткабир и поранешната зграда на Парламентот.
Топаџа додаде дека во домот на припадникот на ДЕАШ се откриени два динамита, околу седум килограми амониум нитрат, два ТНТП-а, активатор и ТНТ.
Гувернерот додаде дека се сомневаат оти нападот бил планиран за време на церемонијата по повод 29 октомври, Денот на Република Турција или некој друг настан на кој би присуствувале голем број граѓани.