Sarp Özer
01 Ноември 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот Генералштаб соопшти дека во судирите што се случија во операцијата којашто продолжува во руралниот дел на подрачјето Чукурџа, во југоисточната турска област Хакќари, неутрализирани се 13 лица, членови на терористичката организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата објавена на веб-страницата на Генералштабот на Турција, продолжува операцијата врз терористичката сепаратистичка организација во руралната област Чукурџа, која се одвива со воздушна поддршка.
Вчера се случи судир меѓу безбедносните сили и терористите, во кој беа неутрализирани 13 терористи. Исто така, во воздушната операција во регионот на планините Хисар и Ѓувен беа уништени бункери и неколку позиции на терористите.
Во населбата Текман во областа Ерзурум бил уништен еден бункер со разновиден материјал, кој бил користен од страна на терористите.