Mehmet Dayan,Yılmaz Kazandıoğlu
21 Септември 2016•Ажурирај: 21 Септември 2016
ХАКЌАРИ (АА) - Во градот Чукурџа, во покраината Хакќари, терористите на ПКК киднапирале 4 лица, од кои двајца се водници од прва класа, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Хакќари, Џунејт Орхан Топрак, за АА изјави дека на патот Чукурџа –Хакќари, во близина на селото Доганли, терористи на ПКК запреле цивилно возило.
Гувернерот Топрак изјави дека терористите од возилото ги извлекле двајцата водници, возачот и еден граѓанин, кои ги однеле во непознат правец.
Во подрачјето се води операција за пронаоѓање на терористите и четворицата киднапирани лица, која е поддржана од воздух.