Murat Paksoy,Muhammed Enes Can
08 Јуни 2017•Ажурирај: 10 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Државното обвинителство во Истанбул во рамките на истрагата против ФЕТО и ПДЈ подготви обвинение со кое се бара доживотна затворска казна или затворска каза за 15 порашешни гувернери и градоначалници на области, вклучувајќи го и поранешниот гувернер на Истанбул Хусеин Авни Мутлу и поранешниот начелник на полицијата на Истанбул Хусеин Чапкин, јавува Anadolu Agency (AA).
Инаку, 13 од 15 поранешни гувернери и градоначалници се наоѓаат во притвор. Во обвинението за обвинетите поранешни функционери се бара трикратна доживотна затворска казна или затворска казна.
Обвинителството бара трикркатна доживотна затворска казна за обвинетите кои се обвинуваат за обид за рушење на уставниот поредок, обид за загрозување на парламентарниот систем и за обид за рушење на Владата на Турција.
Исто така, за обвинетите се бара затворска казна од пет до десет години поради поврзаност со оружената терористичка организација.
Терористичката организација ФЕТО/Паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) во 70-те години од минатиот век своите поданици започна да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, за да во 80-те години значително ги зајакне своите паралелни пирамидии во рамките на тие институции, а на 15 јули минатата година го изведе неуспешниот обид за воен удар со цел рушење на државниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција.